Стратегија за соработка со НВО

Граѓанското општество во рамките на градот Скопје претставува голема и разновидна заедница. Голем дел од граѓанските организации кои се регистрирани на територијата на град Скопје својата активност ја базираат на локално ниво, но не е мал и бројот на организациите кои делуваат во национални рамки. Токму ваквиот потенцијал на граѓанскиот сектор, но и надлежностите на градот во овој дел, ја посочуваа потребата од дефинирање на соработката помеѓу Градот Скопје и граѓанските организации.
За таа цел, во ноември 2007 година Советот на Град Скопје усвои Стратегија за соработка со граѓанските организации со Акциски план за нејзина реализација, чија главна цел е овозможување на активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање на развојните политики, активности и иницијативи, како и создавање предуслови за оформување на ефикасни партнерства во нивно реализирање.